Овој тип на кафе го консумираат психопатите

Истражувањето на Универзитетот во Австрија покажа дека луѓето со психопатски и садистички склоности претпочитаат одреден вид кафе.

Илјада луѓе учествуваа во ова научно истражување и самите го избираа вкусот на кафето.

Додека го пиеле својот омилен пијалок, решиле четири психолошки тестови, а научниците истражувале особини како садизам, агресивност, нарцизам и психопатија.
Резултатите покажале поврзаност помеѓу изборот на кафе и типот на личноста на испитаниците.

Така, луѓето кои имале садистички и психопатски склоности најчесто избирале црно кафе, односно горчливи вкусови.

Од друга страна, луѓето кои избраа кафе со млеко и шеќер се покажаа како сочувствителни, нежни и љубезни.

Кафето го открива карактерот

Според психолозите, изборот на ова кафе е поврзан со самиот горчлив вкус, односно пиењето горчливи пијалоци има врска со секојдневно уживање во садизам, односно нанесување болка на другите. Исто така, истражувачите веруваат дека врската помеѓу горчливата храна и пијалоци и психопатијата може да стане хронична.

Сепак, студијата забележува дека истражувањето било ограничено на мал број луѓе и тие не се сигурни што ја предизвикува врската помеѓу горчливиот вкус и психолошките проблеми.

извор:alo!