Овој трик го користат келнерите за да добијат поголем бакшиш: Поранешен шеф на ФБИ откри сѐ
Келнерите користат докажан трик за да си го зголемат бакшишот за дури 70 проценти
Поранешниот шеф на ФБИ, Крис Вос, во подкаст откри трик кој келнерите го користат што ги мотивира гостите да дадат повеќе бакшиш. Оваа стратегија е совршена за сите келнери кои сакаат да ги зголемат приходите, како и за оние кои се претпазливи околу бакшишот, бидејќи оваа тактика може да се забележи.
Во студијата спроведена на Универзитетот во Најмеген, на половина од персоналот им било кажано да примаат нарачки како и обично, додека на другата половина им било кажано да ги повторуваат вербално порачките на гостите.
На пример, ако гостин нарача хамбургер, келнерот ќе повтори: „Еден хамбургер“. Овој трик, базиран на психолошки феномен познат како mirroring, гарантира неверојатни 70 проценти зголемување на бакшишот.
Поголема е веројатноста гостите да остават поголеми бакшиши кога келнерите го имитираат нивното однесување бидејќи се чувствуваат поблиски и симпатични кон нив.