Оженет човек лажирал дека е заразен со коронавирус за да избега со својата љубовница

Оженет маж од 28 години од Индија неодамна заврши во голем број медиуми откако го излажа своето семејство дека има коронавирус, што го искористи како изговор за да избега со својата љубовница.

На 24 јули, Маниш Мишра од Нави Мумбаи и се јави на сопругата и и' рече дека е позитивен на ковид-19 и дека повеќе нема желба за да живее. Потоа го исклучи телефонот, предизвикувајќи паника во неговото семејство.
Откако го добила бизарниот повик, неговата сопруга го повикала својот брат на помош, а тој ја советувал да го пријави во полиција како исчезнато лице.

Истрагата што следела открива дека 28-годишниот човек всушност ја користел болеста како изговор да го напушти семејството и да побегне со својата љубовница, пренесува Одди Централ.

„Тестот за коронавирус ми беше позитивен, не можам повеќе да живеам“, и рече Маниш на својата расплакана сопруга за време на последниот телефонски повик, но полицијата ги провери сите лаборатории во близина на последното место каде што беше виден, но се покажа дека никој со име Маниш Мишра не е тестиран.

Потоа контактирале со неговиот работодавач, логистичка компанија и дознале дека неодамна бил отпуштен поради учество во обид за измама. Конечно, откако разговарале со некои од неговите пријатели, тие откриле дека тој има афера.

„Врз основа на последната локација на неговиот мобилен телефон во Аироли, ги прегледавме сите снимки од надзорните камери од областа и го најдовме како влегува во автомобилот“, рече Санјеев Думал, висок полициски инспектор. "Го следевме сè до Ратнагири. Во меѓувреме, постојано ги испрашувавме неговите пријатели и семејството. Откривме дека има вонбрачна врска".

Полицијата додаде дека откриле дека бил отпуштен поради финансиска измама. Покрај тоа, тој имал афера неколку години и сакал да се ослободи од сопругата и ќерката. „Затоа ја испланирал својата болест и самоубиство“, додаде Думал.

Полицијата конечно го пронајде Мишра во градот Индоре, каде што тој наводно живеел со неговата љубовница, надевајќи се дека семејството го отпишало како мртов. Но, пред околу 10 дена тој беше вратен назад во Нави Мумбаи, каде што беше повторно обединет со неговото семејство.

извор:index.hr