Панчо ги покажа пораснатите синови: Андреја и Марјан на одмор со тато

Владимир Блажев - Панчо ДНК или уште познат и како Диџеј Шорти Пи е горд татко на два сина

Имено музичарот на своите социјални мрежи сподели фотографии преку кои покажа колку пораснале неговите деца низ годините.

На прашањето какви деца се неговите синови Андреја и Марјан и кои свои особини ги препознава кај нив, Панчо во интервју за Женски Магазин раскажа:

„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели? “