Пандемијата дава увид во она што претстои со климатските промени
Пандемијата на коронавирусот овозможува увид во видот на глобалните закани по здравјето што ќе се појават додека планетата станува потопла, а начинот на кој се бориме со вирусот, може да влијае и на климатските промени, велат здравствените експерти на Светскиот Skol форум за социјално претприемништво.
„Со Ковид-19 можеме подобро да ја разбереме итноста од тоа отколку преку влијанието на климатската криза“, рече Мандип Даливал, директор за ХИВ, здравство и развој во Програмата за развој на Обединетите нации, пренесува Ројтерс.
Растењето на шумите и ширењето на земјоделството, исто така, доведуваат до климатски промени и ги ставаат луѓето во поблизок контакт со болести сo животинскиот свет, рече Даливал.
Центрите за контрола и превенција на болести во САД наведуваат дека пандемијата на вирусот корона потекнува од лилјаци и рани инфекции се поврзани со големиот пазар на живи животни во кинескиот град Вухан.
Заканите за белите дробови, како што е загадувањето на воздухот, предизвикано од употреба на фосилни горива кои исто така предизвикуваат климатски промени, ги прават луѓето поранливи на респираторни заболувања како што е коронавирусот, рече Даливал.
Без да се осврнеме на основните фактори што ја прават пандемијата толку деструктивна - од недостаток на подготвеност до недоволно финансиран и кревок здравствен систем - светот „постојано ќе талка од епидемија до епидемија“, предупреди.
Но, Лиз Диболд, од фондацијата „Скол“ со седиште во Калифорнија, која ги поддржува социјалните промени и деловните активности, рече дека вирусот нуди некои позитивни лекции за климатските активности.
„Ковид-19 навистина ни покажува дека кога човештвото ќе се обедини во заедничка цел, можна е феноменално брза промена“, рече таа, истакнувајќи дека дури и во навидум нерешливи проблеми можеме да се справиме.