Пандемијата ги отвора вратите на машините: Дали короната ќе ја забрза замената на работниците со роботи?
Интеграцијата на роботите во процесот на производство е скапа, но кога еднаш ќе почне да работи, обично се поефтини од човековата работна сила...
Пандемијата коронавирус, во своите најкритични жаришта какви што се Кина, Италија и Шпанија, веќе покажа дека роботите и роботксите аутономни системи полека, но во сѐ поголема мера може да ги вршат истите работи што ги имаат и луѓето на своите работни места, само без ризик по човекото здравје.
„Луѓето обично велат дека сакаат контакт со луѓе, но оваа желба вирусот ја промени. Тој и понатаму ќе продолжи да ги менува навиките и приоритетите на потрошувачите и корисниците на услуги, што навистина би требало да отвори нови можности за автоматизација“ - смета футористот Мартин Форд, кој порано се занимавал со начините на кои роботите ќе бидат интегрирани во економијата.
Малите и големи компании во светот, се повеќе ги користат роботите за да може ефикасно да ги применуваат мерките за одржување на растојание помеѓу своите работници кои мораат физички да бидат присутни на работните места. Роботите се користат за вршење на обврските на оние работници кои не можат од дома да ја завршат работата, пишува Би-Би-Си.
Така, на пример, најголемиот ланец на продавници во САД „Волмарт“, користи роботи за чистење на подови. Роботите во Јужна Кореја се користат за мерење на температура на пациентите и за делење на средства за дезинфекција.
И додека експертите предупредуваат дека мерките на социјална дистанца ќе мора да останат на сила и следната година, роботите со тоа би можеле да станат побарани.
Така данската компанија која произведува роботи за дезинфекција на УВ зраци „UVD Robots“, за време на пандемијата, продала стотина роботи во болниците во Кина и ширум Европа.
Продавниците и рестораните кои нудат храна за носење, исто така, се повеќе ги користат роботите. Роботите исто така би можеле да ги чистат и училиштата и канцелариите. Ескпертите тврдат дека и за роботите ќе имаат повеќе работа, кога стопираните бизниси ќе стартуваат со работа.
Сепак, се уште постојат ограничувања. Така на пример, автоматските каси во продавниците мораат да бидат под надзор на луѓе, бидејќи ваквите системи не работат најсовршено и се расипуваат, па поради тоа купувачите ги избегнуваат.
Прехрамбената индустрија, поради грижата за здравјето, исто така е погодна за користење на роботи. Рестораните за брза храна како „McDonald's“ веќе ги тестираат роботите во кујна.
Складишните компании, како што се „Амазон“ и споменатата „Волмарт“ веќе „вработуваат“ роботи, кои допринесуваат во зголемувањето на нивната ефикасност, а коронавирусот би можел да влијае на зголемувањето на нивниот број и дополните ангажмани во сортирањето, пакувањето и испораката.
Тоа од една страна, би можело да им помогне на работниците кои моментално на работа не можат да ги спроведат мерките за дистанцирање, но од друга страна би можело да доведе и до нивно отпуштање, бидејќи роботите може да ја завршуваат нивната работа. Кога компанијата еднаш ќе го замени работникот со робот, тешко дека повторно ќе го врати. Интеграцијата на роботите во процесот на производство чини многу пари, но кога еднаш ќе почне да функционира, обично е поефтино од човечката работна сила, констатира Би-Би-Си.