Пандемијата на коронавирус е најлошата здравствена криза со која се соочи СЗО
Пандемијата на коронавирус, која инфицираше повеќе од 16 милиони луѓе ширум светот, е веројатно најлошата глобална здравствена закана со која се соочува Светската здравствена организација (СЗО), изјави генералниот директор Гебреизус.
Само со строго придржување кон здравствените мерки, од носење маски до избегнување толпи, светот ќе може да ја победи заразата, истакна тој на еден виртуелен брифинг за медиуми во Женева.
„Таму каде што следат овие мерки, бројот на случаи опаѓа. Онаму каде што не се следат, случаите растат“, рече тој, фалејќи ги Канада, Кина, Германија и Јужна Кореја за контролата на инфекцијата.
Повторното појавување на вирусот во различни региони, вклучително и таму каде што државите сметаа дека успеале да ја контролираат инфекцијата, го загрижува светот што се приближува до бројката на 650.000 смртни случаи.
Шефот на СЗО, Мајк Рајан, рече дека потребата земјите од целиот свет да одржуваат чекор со здравствените мерки, како што е физичката оддалеченост, е поважна од дефинирање на втор бран, нови врвови на инфекција и локализирани епицентри.
„Очигледно, притисокот врз вирусот ги намалува броевите. Ослободете го тој притисок и случаите почнуваат да растат повторно“, рече тој, признавајќи дека буквално е невозможно за државите да ги задржат границите затворени.
„ Ќе биде скоро невозможно државите да ги задржат своите граници затворени во блиска иднина. Економиите мора да се отворат, луѓето мора да работат, трговијата мора да продолжи“, истакна тој.
Порастот на бројот на заразени сили ги натера државите да ги воведат патните ограничувања, а Велика Британија предизвика хаос во европскиот туристички сектор со воведување карантин за патниците кои се враќаат од Шпанија.
Извор: Index.hr