Папата Франциско: Озборувањето е најголемиот вирус, полош е од пандемијата на коронавирус
Озборувањето е „зло кое е поужасно
од ковид-19“, рече поглаварот на Римокатоличката црква Папата Фрањо
за време на молитвата, од неговиот прозорец на плоштадот Свети Петар
во Ватикан.
"Кога ќе видиме грешка или пад
на брат или сестра, првото нешто што го правиме е да разговараме за тоа со
другите. Озборуваме", рече папата.
Озборувањето го нарушува
заедништвото на Црквата, рече тој, и ги спореди озборувањата со ѓаволот што се
шета и сее лаги за другите.
"Тој сака да ги држи браќата
подалеку за да не можат да се причестуваат. Ве молам, браќа, да не озборуваме!
Озборувањата се најголемиот вирус, полош од пандемијата на коронавирус!"
Тој ги повика верниците дискретно,
приватно да ги предупредуваат луѓето кога ќе погрешат.
Тој исто така, неодамна изјави декае подобро да се биде атеист отколку да се оди во црква, а да се критикуваат и мразат другите.
„Колку пати гледаме луѓе кои секоја недела ја поминуваат во црква, а живеат да мразат и да зборуваат лошо за другите“, рече папата Франциско.
Потоа додаде дека во тој случај е подобро воопшто да не се оди во црква:
"Биди атеист. Ако сепак одиш во црква, биди син, брат, стани пример за другите".
Френсис се осврна и на Евангелието по Матеј, кое зборува за лицемери кои се молат луѓето да ги забележат.
"Многу верници веруваат дека молитвата е само брборење. Тие зборуваат со Бога како папагали. Но, тоа не е така. Запомнете: треба да се молите со срце", додаде тој.
Дали се согласувате?
Фото: Tiziana FABI / AFP
Можеби ќе ве интересира:
Непознати факти за Папите: Папата Јован XVII умрел за време на секс со мажена жена