Папучите на Винстон Черчил продадени за неверојатна сума: Погледнете како изгледаат (ФОТО)
Скапо, многу скапо.
Папучињата, кои некогаш му припаѓале на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, биле продадени на аукција во куќата Белманс во Лондон за 32.000 фунти.
Станува збор за темно сини кадифени влечки од 50-тите години на минатиот век.
Се сметаше дека тие ќе бидат продадени за 10.000 до 15.000 фунти, но нивната цена скокна заради војната со понуди од Велика Британија и Америка.
На крајот, победи анонимен купувач од Велика Британија, изјави портпаролот на Белманс.
Today's Auctions: What's On
— Bellmans Auctioneers (@BellmansAuc) March 9, 2021
Paintings 10am
Works of Art 2pm
Pictured: Sir Winston Churchill’s monogrammed slippers and brandy balloon.
Find out more: https://t.co/Ws2wSWaY2a
https://t.co/IApHPBBFky
Lot: 709 & 710
Est: £10,000-£15,000 (709) £7,000-£10,000 (710) pic.twitter.com/DcIUZ2Kw2T
Чашата за коњак на Черчил беше продадена на истата аукција, за 15.000 фунти, што исто така беше значително повеќе од претпоставената цена. И во овој случај купувачот беше од Велика Британија.
Семејството на Черчил ги продаде двата предмети преку Сотби во 1998 година, кога ги купи денешниот продавач.
Винстон Черчил е познат воен британски премиер, тој исто така ја извршуваше својата должност во еден повоен мандат. Почина во 1965 година на 90-годишна возраст.
Фото: Profimedia/Твитер