Парот на фотографијата направи нешто кое ретко кој го прави: Случај за паметење

Во 2016 година во Институтот за мајка и дете во Белград се случи невиден случај.

Брачниот пар Ѓуро и Илинка Трифуновиќ, по потекло од Косово, по Втората светска војна заминале во Канада, каде си изградиле куќа и таму живееле до последниот ден. По нивната смрт, Институтот за мајки и деца бил известен дека на нивната сметка била уплатена донација од над 700.000 евра. Благодарение на овие пари, Институтот за мајка и дете потоа целосно го реновира Одделот за детска патологија, единственото одделение за детска патологија на Балканот.

Во тестаментот Ѓуро и Илинка им ја оставија во аманет целата своја животна заштеда на болните деца во Србија, а ова беше и најголемата донација што некој досега ја дал на здравствена установа во Србија.