,

Патува низ светот, спие само со оженети мажи: Исповед на сериската љубовница која вели дека тоа го прави од хумани причини

Гвинет Ли од Лондон има 49 години, а со речиси половина век зад себе успеа да стекне репутација на „сериска љубовница“ бидејќи патува низ светот за да ги однесе во кревет сопрузите на други жени од наводно хумани причини. 

Нејзината идеја е да ги исполни сексуалните фантазии на оженетите мажи, за да не им се распаднат браковите.

Сè започнало кога пред десет години донела одлука да се приклучи на страницата за запознавање „IllicitEncounters.com“, додека сè уште била во брак со нејзиниот покоен сопруг Роберт. Имено, како што вели, го сакала својот сопруг, но знаела дека ја изневерува:

- Открив дека гледа жени на 'IllicitEncounters.com' и си помислив 'ако не можеш да го победиш, придружи му се' - Знаев дека никогаш нема да можам да ја зауздам неговата потреба за други жени, а знаев и дека нема да му пречи да го направам истото. Беше доволно зрел да знае дека би било лицемерно од негова страна да приговара - вели Гвинет и додава дека отсекогаш го сакала сексот со нов партнер и возбудата за откривање нови работи во кревет:

- И двајцата имавме афери со различни луѓе пред тој за жал да умре од рак пред повеќе од десет години. Ми беше скршено срцето кога тој почина, но откако ја пребродив мојата тага, решив повторно да почнам да излегувам. Не сакав нов сопруг, само забава. „IllicitEncounters.com“ ми одговараше затоа што сите мажи се оптоварени и опседнати со секс, исто како мене. Продолжив да ја користам страницата иако повеќе не бев во брак и многу се забавував во последните десет години.
Гвинет рече дека има богати, оженети мажи со кои се поврзува низ целиот свет. Тие патуваат од Велика Британија на егзотични локации и таа рече дека го имаат „најневеројатниот секс“:

- Повеќето од овие патувања се маскирани како службени патувања, а нивните сопруги не знаат дека и јас одам со нив.

- Се гледав со неверојатно богат банкар кој има клиенти во сите европски модни метрополи – Рим, Амстердам, Париз, Лондон. Тој беше на бизнис во Бордо со голем трговец со вино и инсистираше да му се придружам во Кап Фере, на брегот на Атлантикот и каде што одат многу од најбогатите луѓе во Франција во текот на летото. Беше апсолутно неверојатно. Тој имаше прекрасна куќа на плажа со персонал кој го задоволуваше секој наш каприц. Тој е ненаситен и гледа многу девојки од 'Illicit Encounters'. Тој е оженет и ја сака својата сопруга, но таа не може сексуално да го следи. Навистина има девојка во секое пристаниште! - опиша таа еден од нејзините љубовници.

Излегувала со мажи кои уживаат во садо-мазо игри, а и такви кои се возбудуваат само од секс со повеќе партнерки...

- Луѓето ме обвинуваат дека немам морал и дека сум „уништувач на бракови“. Всушност е сосема спротивното. Јас сум спасителот на бракот. Ако сите мои љубовници требаше да останат верни на своите сопруги до крајот на животот, сите ќе беа разведени. Нивните бракови функционираат затоа што им се дава одредена слобода и знаат дека со излегувањето со мене нема да има проблеми. Нема да им се јавувам на нивните сопруги и да правам проблеми. Живеам луксузно, уживам во сексот и ништо друго не ми треба – заклучила Гвинет.

извор:kurir.rs