Патуваше низ светот со харем, 3 пати дневно имал секс со 3 жени, па потоа му здодеало: „Не можеш да купиш среќа, немам повеќе желби“
Ден Билзериан ќе наполни 44 години на 7 декември, а дотогаш пробал се што може да се проба. Човекот на кој му завидуваат сите мажи во светот сега вели дека му е доста од жените и интимните врски.
Го чекавме тој момент. Ден Билзериан, неприкосновениот крал на Инстаграм, човек кој најмалку 4 пати го обиколи светот со луксузна јахта, авион и автомобил, со харемот на најжешките жени на светот - му здосади од секс.
Светот може да запре сега!
„Не можеш да купиш среќа. Но можеш. Јас веќе немам ни среќа и задоволство. Купив се што сум сакал, сега нема ништо на овој свет што сакам", изјави Ден неодамна на еден канал на Јутјуб.
Оваа негова исповед доаѓа откако речиси една година беше во илегала. Имено, Ден ги оставил на цедило своите многубројни следбеници на Инстаграм бидејќи му здосадиле жените, популарноста, богатството и сексот.
Се повлекол во планина, се дружел со пријателите, развил бизнис и возел планински велосипед.
„Кога луѓето прашуваат зошто богатите луѓе не се толку среќни, јас само мислам дека тие се задоволни само со најдобрите нешта затоа што досега ја подигнаа границата. Слаткото никогаш не е толку слатко без горчливо. Кога ќе достигнете ниво на успех каде што материјалните поседи повеќе не значат ништо, можете да се запрашате: „Во што уживам?“
Тој кажа колку е уморен од жените и неговата желба секогаш да ги има најдобрите и најубавите девојки во неговата околина, во неговиот харем:
„Имав секс со три девојки дневно во просек. Мислам, кога имав секс само со две девојки во еден ден, тоа беше како да имам слободен ден, или нешто слично... Тогаш ми дојде помислата дека таа е моногамна врска во ред, што е чудно кога го кажувам тоа, но... Толку долго сум во оваа игра што малку сум уморен од се“.
Сега имаме вест дека Ден го тужел сопствениот татко затоа што го избркал од компанијата што сам ја основал и ги саботира сите негови деловни потези.
Самиот Ден со години уживал во големата финансиска поддршка на својот татко, но сега поднел тужба против него и извршниот директор на компанијата што ја поседувал.
Се чини дека светот на Ден Билзеријан се распаѓа како кула од карти.
Фото: ИнстаграмИзвор: Stil.kurir.rs