Пчелите можат да го „вратат времето назад“?!

Познавањето на способноста на пчелите да се „подмладуваат“ може да помогне во борбата против деменцијата кај луѓето…

Научниците од Државниот универзитет во Аризона открија дека постарите пчели успешно го менуваат процесот на стареење на мозокот кога ја преземаат грижата за ларвите, што инаку е вообичаено за помладите пчели. Додека тековните истражувања за човечката деменција се фокусирани на откривање нови лекови кои ќе го ублажат овој ефект на стареењето, истражувачите сугерираат дека промените во социјалните активности можат многу да придонесат за подобрување на мозочните функции на постарите луѓе.

Во една студија објавена во списанието „Experimental Gerontology“, тим од научници од Универзитетот во Аризона и Норвешкиот универзитет за наука, предводен од професорот Гро Амдам, презентираа наоди кои покажуваат дека кога на старите пчели им се доверува работата на кошницата, тоа предизвикува промени во молекуларната структурата на нивниот мозок.

„Знаеме од претходните истражувања дека кога пчелите остануваат во кошницата и се грижат за ларвите, нивните мозочни функции остануваат непроменети додека ги набљудуваме“, вели Амдам. Меѓутоа, по одреден период на созревање, младите пчели тргнуваат во потрага по храна и процесот на стареење започнува многу брзо. По само две недели возрасните пчели имаат истрошени крилја, тело без влакна и што е најважно, ја губат функцијата на мозокот - што во  основа е мерено според нивната способност да учат нови работи. Сакавме да дознаеме повеќе за овој процес на стареење, па се запрашавме што ќе се случи ако повторно вработиме возрасни пчели да се грижат за ларвите?

За време на експериментите, научниците ги отстранија сите млади пчели од кошницата – ги оставија само матицата и бебињата. Кога постарите пчели се вратиле во кошницата, активноста се намалувала во текот на неколку дена. Потоа некои од нив се вратиле во потрага по храна, додека други останале да се грижат за кошницата и ларвите. Истражувачите откриле дека по десет дена, околу 50 отсто од старите пчели кои се грижеле за своето потомство значително ја подобриле нивната способност да учат нови работи.

Меѓународниот тим на Амдам не само што забележал обновување на способностите за учење, туку открил и промени во протеините во мозокот на пчелата. Кога ги споредиле мозоците на пчелите кои се „подмладиле“ и оние кои не се подмладиле, забележале дека двата протеини значително се промениле. Тие го открија Prx6, протеин познат дека помага во заштитата од деменција кај луѓето - дури и болести како Алцхајмеровата болест - и исто така открија друг протеин чија функција е да ги заштити другите протеини од оштетување кога мозокот и другите ткива се изложени на стрес.

Научниците генерално се многу заинтересирани за создавање лек кој би можел да им помогне на луѓето да ги зачуваат мозочните функции, но пред нив има речиси 30 години истражување и тестови.

„Можеби социјалните интервенции - промена во начинот на кој се однесуваме кон животната средина - се нешто што можеме да го направиме денес за да го одржиме нашиот мозок млад“, вели Амдам. „Со оглед на тоа што протеините што постојат кај луѓето се исти со пчелите, тие би можеле спонтано да одговорат на специфични општествени искуства.

Амдам истакнува дека е потребно дополнително истражување на цицачите, како што се стаорците, со цел да се испита дали истите молекуларни промени можат да се случат и кај луѓето.


Фото: unplash

Извор: ScienceDaily.com