Пиењето на познати сокови кои ги има секаде може да ги зголеми тестисите и нивото на тестостерон

Новата научна студија сугерира дека пиењето газирани пијалоци може да го зголеми нивото на тестостерон и големината на тестисите кај мажите...

Истражувањето спроведено од Универзитетот Северозападен Минзу во Кина беше официјално објавено во научната публикација Acta Endocrinol и имаше задача да ги проучува ефектите на газираните пијалоци како Кока-Кола и Пепси врз плодноста.

Судејќи според авторите, претходните студии го поврзуваат консумирањето на газирани пијалоци со штетни последици за репродуктивните функции, намалување на бројот на сперматозоиди и нивната подвижност. Научниците кои при спроведувањето на студијата се потпирале на тестови врз животни, заклучиле дека ситуацијата е сосема спротивна кога се во прашање сперматозоидите, машкиот хормон кој главно се создава во тестисите, но и нивната големина.

За да ги тестираат своите наоди, истражувачите проучувале групи машки глувци. Првата група пиела само вода, додека другите групи пиеле големи количини на пијалоци Кока Кола и Пепси. Во период од 15 дена, научниците вршеле тестови на глувци и ги анализирале ефектите од консумирањето газиран пијалок, вклучувајќи тестови за крв и тежина, заедно со дијаметарот на тестисите.

„За време на истражувањето, заклучивме дека тестисите на глувците кои пиеле пијалоци од Пепси и Кока-Кола значително се зголемиле во текот на петнаесет дена“, велат научниците. Исходот од студијата покажува дека високите дози на газирани пијалоци можат да го подобрат растот и развојот на тестисите.

Покрај зголемувањето на големината на тестисите, истражувачите откриле и дека серумската концентрација на тестостерон кај сите глувци била зголемена по третманот со газирани пијалоци од овие производители, што е индикатор дека високите дози на Пепси и Кока-Кола можат да го подобрат лачењето на машкиот хормон кај глувците.

Како заклучок, пиењето газирани пијалоци може да го подобри развојот на тестисите, тестостеронот и да ја зголеми концентрацијата на EGF во серумот. „Нашето откритие дава научна основа за целосно разбирање на ефектите на газираните пијалоци и нивните механизми во развојот на репродуктивните функции кај луѓето, но може да послужи и како превентивна мерка за дисфункција на простатата и рак.