Пијавица му влегла во гениталиите: Се капел во езеро, а потоа следеле неподносливи болки

Лекарите во Камбоџа извршиле необичен зафат


Еден постар човек од Камбоџа скоро останал без полов орган во кој пијавица влегла додека се капел во езеро за да се олади.

Лекарите велат дека човекот во текот на денот се капел во езерото без облека бидејќи му било премногу жешко, а потоа отишол дома. Сепак, во вечерните часови, кога сакал да уринира, почувствувал страшна болка. Бидејќи болката не се смирувала, а екстремитетите почнале да му отекуваат, тој морал да побара медицинска помош.

Бидејќи човекот немал историја на болести и проблеми со уринарниот тракт, лекарите ставиле сонда со камера во неговиот пенис за да утврдат за што станува збор. Тие мислеле дека можеби камен од бубрег создава проблеми, меѓутоа, она што го виделе внатре ги вчудоневиди.

Снимките покажале дека пијавица ползи во пенисот на мажот и почнала да цица крв. Пред да го одведат во операционата сала, лекарите морале да користат биполарен ресетоскоп за да ја убијат пијавицата и да спречат понатамошно убивање на човекот. Верувале или не, таа успеала да исцица скоро половина литар крв за само неколку часа.

Процесот на операција и отстранување бил многу комплициран, бидејќи пијавицата станала огромна поради цицањето крв.

- Постојат многу пијавици и други инсекти во нашите води кои можат да претставуваат опасност за луѓето, граѓаните да внимаваат каде се бањаат - апелираат од болницата.
За среќа, постариот човек ја преживеа операцијата без поголеми компликации и наскоро бил пуштен на домашно лекување.

Извор: telegraf.rs

Фото: Profimedia

(ВИДЕО) Ќе се изненадите: Луѓе учат шимпанзи да готват