Пилот се исплашил од патник со коронавирус во авионот и излегол од кабината

Претходно, останатите патници биле евакуирани во задниот дел на авионот


Пилотот на индиската авиокомпанија AirAsia India се исплашил од сопатник осомничен за коронавирус и излегол од кабината, пишува Khabarhub.

Инцидентот се случил во петокот, 20 март, на летот што тргнувал од Пуне до Делхи. Според весникот, паника започнала во авионот откако се појавиле информации за заразен патник што седи во првиот ред во авионот.


Како резултат на тоа, сите патници биле евакуирани од кабината преку излезот за итни случаи кај делот од опашката, додека членовите на екипажот, вклучително и командантот, решиле да скокаат директно од кабината. „Капетанот одлучил да се евакуира преку предниот прозорец со помош на скалила, поради близина на предните седишта до пилотската кабина“, објаснуваат од „ЕрАсија Индија“.

Последователно, авиокомпанијата одлучи да го стави во карантин екипажот и внимателно да го дезинфицира авионот. Резултатите од тестовите на сите патници со коронавирус се покажале како негативни.

  Фото WRC-TV