Пишувам и дишам на два јазика: Вака зборуваше Зафир Хаџиманов
Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни. А речиси целиот живот го поминал во Белград каде и што почина.
Џез пејачот и композитор, со еден збор музичката легенда Зафир Хаџиманов, нè напушти вчера, на 77 години.
Почина по борбата со коронавирус.
Тој половина век пееше, глумеше, компонираше, а како што сакаше да зборува, пишуваше и дишеше на два јазика.
Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци, Македонија. Тој беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар.
Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности. Добитник е на многу награди и признанија. Во 2018 година имаше голем концерт со неговиот син Васил, наречен Тој беше мој.
Во 2019 година како гостин на емисијата 30 МИНУТИ, Зафир рече дека ужива да биде на сцената со неговиот син. Тогаш го најави и концертот посветен на Арсен Дедиќ. За 30 МИНУТА, тој искрено кажуваше колку Арсен бил заслужен за неговата кариера.
извор:glossy.espreso.rs