Пивото нè прави попаметни: Еве како
Пивото нè прави попаметни, но...
Една неодамнешна студија од Универзитетот во Илиноис покажа дека консумацијата на пиво може да ги направи луѓето попаметни, особено кога станува збор за креативно решавање проблеми.
Во истражувањето учествувале 40 мажи на возраст од 21 до 30 години. Половина од групата пиеле две шишиња (околу 0,56 л) пиво, додека другите учесници не консумирале алкохол, односно пиво. Секој морал да реши серија задачи со асоцијации (им биле дадени збир на зборови со кои требало да предложат збор што се вклопува во тој сет).
Резултат?
Групата што консумирала пиво решавала 40% повеќе задачи отколку нивните трезни колеги, а исто така и им требало помалку време за да ги решат задачите! Од друга страна, испитаниците кои консумирале пиво и подобро ги решавале креативните задачи, всушност имале полоши резултати на тестовите за меморија.
Нашиот мозок може да работи толку брзо како и најбавната мозочна клетка. Исто така, знаеме дека прекумерната потрошувачка на алкохол ги убива мозочните клетки. Но, природно е алкохолот прво убива бавни и слаби мозочни клетки. На овој начин, редовното консумирање пиво ги елиминира најбавните мозочни клетки, и го прави мозокот побрза и поефикасна машина.