Плаќајте во движење со Garmin Pay
Ако живеете динамично, постојано сте во движење, спортувате и обожувате да шетате во природа, тогаш ваш идеален придружник и вашето модерно решение за бесконтактно плаќањетреба да биде Garmin Pay, иновативната услуга на Халкбанк АД Скопје што овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник. Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведувањето нови технологии, во духот на денешното динамично време, го креираше производот GarminPay, со што стана и прва банка на пазарот што воведува плаќање со паметен часовник.
Со активирање на оваа услуга никогаш нема да морате да се грижите дали додека спортувате може да ви испаднат парите или картичката. Со Garmin Paу всушност нема потреба да носите телефон, паричник, картички или готовина, туку само вашиот Garmin паметен часовник. Услугата ви овозможува и во ситуации кога ќе ги заборавите или едноставно ќе ги оставите својот паричник или банковна картичка дома, сепак да можете да ги извршите сите набавки и плаќања.
Со Garmin Pay плаќањето е едноставно, бидејќи без допир, само со доближување на вашиот паметен часовник до уредот за плаќање, можете да извршите плаќање. Внесете ја вашата лозинка во апликацијата, изберете ја картичката со која сакате да направите плаќање и потоа држете го вашиот часовник блиску до читачот на ПОСтерминалот. Плаќањето е извршено и можете да продолжите со своите активности.
ПР објава