Планинскиот „Гол човек“ од Македонија: Сите можат да го допрат и почуствуваат

Планината Кожуф се протега на јужната граница на Македонија, а заради близинатасо Егејот, климата е континентално- медитеранска и затоа е идеална за секој ден од годината. 

Таа е една од нашите најубави планини,идеална за планински велосипедизам, јавање на коњи, параглајдерство, пешачење, скијање, лов и риболов, како и кајакарење на реката Точинка. Кожуф е недопрена еколошка природа во овој дел од Европа.

Оваа планина изобилува со огромен воден потенцијал. Многу реки потекнуваат од неа. Рисот продолжува да постои како редок и заштитен вид на Кожуф. Растителниот свет е богат со разни видови, но најатрактивни се лековитите растенија и растението „ Arbutus andrahne “, кај народот познато како „гол човек“, кое е заштитено со закон.

Тоа е единствено зимзелено дрво што ја менува својата црвеникава и ронлива кора двапати годишно. 

Кога ќе го допрете, чувствувате како да допирате човечката кожа. Листовите се во форма на јајца и цветовите се наредени како грозје. 

Плодовите се црвени, топчести бобинки. Гол човек се смета за мошне украсен вид.

Неговата раскош најмногу се гледа во пролет.

Н.Т.