По 10 години ја избричи брадата: "Леле! Не се сеќавам на себе си вака“

Машкиот модел Карлос Коста, препознатлив по густата црна брада, се „оголи“ пред камерата која ја снимаше неговата неверојатна трансформација

После десет години, професионалниот модел и амбасадор на производи за нега на брада, реши да го отстрани неговиот заштитен знак за да види колку му се сменило лицето, а исто така, неговата сопруга, со која е 7 годни во брак, конечно ќе може да го запознае без брада.

Прво тој се шокираше, а потоа и сопругата

„Поминаа 10 години откако си го немав видов лицето. Имам 40 години, „стар“ сум и сакам да видам како изгледам без брада “, ја објасни својата намера Коста во видеото.

"Леле! Не се сеќавам на себе си вака “, рече машкиот модел откако заврши со бричење. Неговата сопруга, која никогаш не ја видела избричен, имаше малку посилна реакција. 

Без брада тој всушност изгледа помлад

„Ова е чудно“, продолжи таа, по нервозната смеа. „О, Боже мој, не можам да те погледнам. Не личиш на себе “.

По првичниот шок, забележала дека нејзиниот сопруг сега навистина изгледа помлад. „Дали знаете што е чудно? Сега можам да ги видам твоите усни додека зборуваш„- му рече таа.


Net.hr