По 33 години: Што криеше Тито во сефот „555“?! (ЦЕЛА ЛИСТА)
Вечниот претседател на поранешната држава дури и починал во мистериозни околности
Имено, по неговата смрт на 4 мај 1980 година, сите предмети во сефот останаа запечатени, а кога сефот беше отворен, во него беа пронајдени некои многу вредни работи, пренесува „Balkanpress“.
Станува збор за депо 555 во Народната банка на Србија. Сефот е отворен, а потоа повторно затворен.
Во трезорот на Тито, меѓу другото, имаше и син сафир кој наводно припаѓал на кралската династија Романови од Русија, медал што им припаѓал на Караѓорѓевиќ и други скапоцености.
Во сефот на Тито имало:
- 29.366 килограми злато во плочки и прав
- 1.271 парчиња нумизматички пари
- 2.663 златници и дукати
- 26.219 американски долари
- 149 парчиња накит (припаѓале на семејството Караѓорѓевиќ)
- 36.000 германски марки
- синиот сафир на Романови
- 83 парчиња манжетни за ракави, кутии цигари, медалјони, приврзоци и значки
- 18 комплети сребрени садови
„Ако никој од членовите на семејството или адвокатите не се присутни на отворањето на сефот, сè е јасно. Тоа е државна измама “, смета Јошка Броз, внукот на Тито.
Само кога ќе завршат судските постапки, јавноста ќе може да види што има во сефот 555.
Фото: Youtube/screenshoot/Redroom
Moжеби ќе ве интересира:
Жената што му рече „НЕ“ на ТИТО, а не е Захариева: Со само две фатални реченици