По 50 години: Повторно видена најретката раса на кучиња што пејат (ВИДЕО)

Кучето што пее, го доби својот посебен прекар поради создавањето на хармонични звуци со неговото лаење и завивање.

Научниците ја споредиле ДНК-та на овие кучиња со диви кучиња во заробеништво и откриле дека оваа раса потекнува од расата на диви кучиња од Хајленд.

Пред ова откритие, кучето што пее се сметаше за најретка и најстара раса на кучиња во светот, но наодите сега потврдуваат дека тие всушност се диви кучиња од Хајленд.

Кучето што пее од Нова Гвинеја (NGSD) за прв пат беше проучено во 1897 година, а од 1970 година не се појави во дивината. Во моментов, нешто помалку од 300 такви единки живеат во азили, но изгубија голем дел од генетскиот состав поради бројните премини.

Научниците веруваат дека дивите кучиња од Хајленд имаат гени кои кучињата од Нова Гвинеја ги изгубиле додека биле во заробеништво. Сепак, тие веруваат дека преку нивно преминување ќе можат да создадат вистинска популација на кучиња што пеат.

Видео: Silver Cross Fox

Можеби ќе ве интересира:

Фреди е најголемото куче на светот, високо над два метри: Неодамна собори уште еден рекорд
Погледнете како се тренираат полициските кучиња