По 70 години заштеда, дедо дозволил на семејството да му ги преброи парите: Сумата шокира

Целото семејство пет дена ги броело парите

Еден Американец дури 70 години собирал монети во големо стаклено шише. Неговиот внук објави фотографии од шишето на социјалната мрежа Редит и додаде дека сега конечно може да ги преброи парите. 

- Дедо ми чуваше ситни пари во ова шише цели 70 години и конечно ми дозволи да ги избројам! – напиша корисник на социјалната мрежа Редит во својата објава. 

Неговата објава доби десетици илјади коментари. 

Имаше и такви кои беа многу вложени во броењето и едвај чекаа корисникот да го објави конечниот резултат на својот профил, а имаше и такви кои напишаа дека дедо му најверојатно не ја кажува вистината бидејќи не е можно да бидат потребни 70 години за да се наполни ова шише.

Како и да е, неговиот внук вели дека целото семејство ги броело парите и дека им биле потребни пет дена. 

На крајот објавил дека неговиот дедо собрал вкупно 2.052 долари и 76 центи или околу 1.875 евра. Монетите тежеле 69 килограми, а семејството ги избројало рачно и со помош на машина.

Вредноста на парите би можела да биде уште поголема бидејќи во ова шише пронашле и историски монети, а најстарата е од 1928 година.

Други специјални наоди вклучуваат сребрена 25 центи од 1951 година, никел монета од пред 1965 година и две сребрени монети. Специјален експерт сега треба да утврди дали и колку вредат.

Внукот рекол дека дедото го натерал семејството да ги преброи парите бидејќи сакал да знае колку собрал пред неговата смрт.

– Дедо се шокираше, мислеше дека собрал помалку од 1.000 долари – напишал внукот.

Покрај парите, во шишето биле пронајдени игли, спојници, иглички, копчиња и хартииод бонбони.


Фото: reddit