По новиот орган во човечкото тело- уште еден нов: Колку органи имаме всушност?

Досега се сметаше дека човечкото тело има 79 органи, но научниците во 2018 година наидоа на необичен феномен кој може да биде орган и значително влијае на медицината, покажа истражувањето објавено во списанието „Списан репортс“, кое посочува дека новооткриениот орган е важен и најголем во човечкото тело.

За да бидат работите поинтересни, органот е голем и невидлив. Сепак, се поставува прашањето како научниците не го виделе претходно, ако е поголема дури и од кожата?

Новиот орган е составен од мрежа на ситни канали исполнети со течност наречен „интерстициум“.

Во медицинските кругови, интерстициумот е вообичаено име за меѓуклеточниот простор во кој се наоѓаат течности. Преку тој простор, мноштво секрети од клетките - од хормони до предаватели - се движат кон другите клетки.

Откритието се случи случајно, за време на рутински ендоскопии - процедури во кои се става мала камера во дигестивниот тракт.

Сега, повторно ново откритие.

Според досегашните откритија, човечкото грло содржи „претходно незабележани билатерални макроскопски жлезди кои лачат плунка“ кои научниците ги крстиле како „тубаријални жлезди“. Истражувачите досега испитале 100 пациенти за да го потврдат своето откритие и утврдиле дека сите од испитаниците ги имаат жлездите.

Имено, станува збор за мали жлезди лоцирани во средината на черепот, што значи дека досега тие не биле детектирани. Нивното откривање може да доведе со компликации со досегашната терапија со радијација.

Истражувачите велат дека новопронајдениот пар на жлезди кои лачат плунка најверојано имаат функција да го хидрираат и навлажнуваат горниот дел од грлото. Новите жлезди биле пронајдени при истражување на ракот на простатата.

Истражувањето кое довело до откривање на новиот орган е објавено во списанието за Радиотерапија и онкологија, од страна на тим на научници и Холадскиот институт за рак.

За време на истражувањето за ракот на простата се користеле комбинација од ЦТ скенови и ПЕТ скенови, така што докторите инјектирале радиоактивен трасер кој се меша со протеинот ПСМА – високоприсутен протеин во заболените клетки во простатата. Оваа комбинација на скенови е добра и во детектирање на жлезди кои исто така имаат високо присуство на протеинот.

Здравствените работници кои користат радиотерапија за лечење на ракот во главата и вратот се обидуваат да ги избегнат жлездите бидејќи така се појавуваат тешкотии при јадење, голтање и говор кај пациентите. Но, овие новооткриени жлезди досега биле изложени на радиотерапијата бидејќи докторите не знаеле за нивното постоење, што резултирало со пациенти кои имале необјасниви симптоми.