Победата во бугарското шоу „Survivor“ ја однесе Македонецот Зоран Петровски
Зоран Петровски е победник на шестата сезона на шоуто „Преживеан: Скриениот идол“ на bTV.
Македонскиот режисер, кој глумеше и во ТВ серијата „Прикриени“, каде ја запозна жената на својот живот - актерката Силвија Петкова, прво ги прегрна неа и нивниот син, кога водителот Владо Карамазов го најави триумфот. Сива го гушкаше својот татко и среќно скокаше околу него. Зоран ја доби и главната награда од 150.000 лева, пренесоа бугарските медиуми.
„Чувството на победа е одлично. Ви благодарам! На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев вистински од почеток до крај“, изјави Зоран откако ја прифати победата на „Survivor“.
Претенденти за чекот и титулата „Последниот преживеан“ беа толерантната, постојано насмеана спринтерка Кери, интелигентната, но и емотивна компјутерска специјалистка Ганка и комбинаторниот Зоран, кој направи серија ризични потези и ја сврте екстремната реалност околу својот прст.
Тројцата заслужено стигнаа до финалето откако најдобро се адаптираа во филипинската џунгла, 43 дена, каде што дваесет учесници беа каснати од мравки, попарени од медузи и нападнати од змии, направија стабилни коалиции и паметно тргнаа кон целта. Тие ги надмудрија своите конкуренти со итрина, упорност и среќа.
Гласањето се одржа на Филипините и во емисијата се гледаше дека Владо Карамазов, ја зема гласачката кутија од преживеаните и ја однесе во студиото каде што се емитуваше во живо во Софија. Од реалното шоу се потсетија на љубовните приказни меѓу учесниците, нивните партнерства, нивните најтешки моменти. Се испостави дека повеќето го сакаат Зоран и мислат дека тој ја направил сезоната возбудлива. Зоран од своја страна рече дека штом се вратил дома по снимањето заборавил на се и сега во студио повторно се сеќава на тоа.
Фото: Фејсбук