Почина Гејтс: 95 години мудрост и скромност

Таткото на американскиот милијардер Бил Гејтс, Бил Гејтс Постариот, почина на 95-годишна возраст.

„Сите имавме многу време да размислиме колку сме среќни што имавме толку неверојатен човек во животот толку многу години ... Неговата мудрост, великодушност, емпатија и скромност имаа огромно влијание врз луѓето ширум светот“, напиша Гејтс на својот официјален блог , со коментар на Твитер дека неговиот татко „бил сè она што тој пробува да биде“.

Гејтс Постариот со полно име  Вилијам Хенри Гејтс, беше воен ветеран и ко-основач на адвокатска канцеларија во Сиетл, а фондацијата на неговиот син немаше да биде основана без негова помош.

Семејството не ја наведе причината за смртта.