„Подобро сланина во постот отколку овој грев“: Едно е непростливо, а многумина го прават тоа, објаснува отец Љуба Ранковиќ

Најголемиот грев за време на постот не е нејадење мрсна храна, објаснува отец Љуба Ранковиќ.

Велигденскиот пост за 2025 година според православниот календар започнува денес, 3 март и трае до сабота, 19 април, кога завршува со литургија на Велика Сабота, во пресрет на Велигден, која се паѓа во недела на 20 април истата година.

Велигденскиот пост се смета за еден од најстрогите, поделен на седум недели, од кои секоја има свое име и правила. Постот најчесто се прави на вода, но важно е да се знае дека постот не е само откажување од храна. Најважното правило на постот е воздржување од лоши мисли и постапки, како и зајакнување на духовноста.

Отец Љуба Ранковиќ објасни како правилно се пости и дека постот е многу повеќе од воздржување од мрсна храна.

„Подобра е сланината во постот од овој грев. Што е тој грев? Тоа е гревот на зборливоста, гревот на лошите зборови и лошиот јази“.

Светиот владика Николај ги кажа овие зборови: „Ако го зауздате јазикот, ќе постигнете поголем подвиг отколку ако сте постеле на леб и вода цел живот. Јазикот стана извор на зло, извор на омраза, извор на големи искушенија и поделби“, објасни отец Љуба Ранковиќ.

Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Принтскрин/ Јутјуб