Подрум? Погледнете подобро

Куќите се претежно направени по некој утврден образец. Најчесто така, но секогаш има некои отстапувања. Всушност, сè уште има креативни луѓе кои на најнеобичното место, на подот во кујната ќе го постават најобичното нешто, како што е прозорецот, а потоа целата работа добива сосема друга димензија.

Оригиналноста на овој човек не е направена поради потребата од различност, барем не само поради тоа, туку поради подобро искористување на просторот. Кога ќе се отвори прозорецот на подот во кујната, се спуштате по скалите и влегувате во винарска визба. 

Кога правиме нешто толку необично што другите можеби не го замислуваат, а тоа ни причинува задоволство, тогаш нашиот дом веќе не е клише, воспоставена форма, туку нешто лично што го прави нашиот дом наш во секоја смисла, нас самите не отсликува. Веројатно речиси секоја жена би имала скриена кутија за чевли под ваков прозорец. 

Фото: Printscreen