Погледнете го првото слетување на авионот Ербас А340 на ледената писта на Антарктикот

Овој месец, истражувачите успеаја да го приземјат Ербас А340 на Антарктикот за прв пат во историјата ...

Ова е прв пат патнички авион А340 да слета на синиот глечерски мраз за време на експедицијата, пишува во својот дневник пилотот, капетанот Карлос Мирпури. Овој необичен лет го организираше Hi Fly, португалска авиокомпанија.

Пионерскиот лет започнал во осум часот наутро, кога авионот полетал од Кејп Таун, по што патувал 4.640 километри до Антарктикот и потоа се упатил назад кон Јужна Африка. Летот траел пет часа во двата правци, додека екипажот со патници поминал по три часа на секој континент.

Топографијата и атмосферата се крајно несигурни на овој замрзнат континент, кој има само педесет писти и нема официјален аеродром. Пилотите мораа да бидат колку што е можно прибрани и присебни, особено затоа што слетувањето на мразот е многу комплицирано.

Авионот А340 тежел 190 тони кога пристигнал на својата дестинација, па неговото слетување на мраз, освен што било исполнето со тензија и адреналин, било целосно ризично и несигурно. Сепак, Мирпури истакна дека ја завршил домашната задача и добро проучил сè, па и покрај тежината, овој мамут од машина со четири мотори, со огромен вишок на моќ и многу голем опсег, всушност е идеален за нивната мисија.

Авиокомпанијата е изнајмена од организација за луксузни авантури и кампинг наречен Wolf’s Fang, чија дестинација е организирана од туристичката агенција White Desert. Неговата цел беше да ги префрли патниците, опремата и залихите на оваа далечна замрзната локација, додека пистата на која слета авионот имаше малку повеќе жлебови за да биде помалку лизгава.

„Соодветноста на оваа писта со нејзиниот околен терен и бескрајната бела пустина што се шири во сите правци од неа, може да ја направи проценката на надморската височина многу комплицирана, во најмала рака“, објасни капетанот Мирпури во својот дневник.

Според плановите, истиот авион А340 ќе се користи за транспорт на туристи и научници заедно со залихи до Антарктикот. Футуристички летови како овој организираа голем број компании, додека минатиот септември шведската авиокомпанија OceanSky Cruises со своите луксузни авиони почна да организира туристички патувања до Северниот пол.