Погледнете го ремек- делото од огледала на модна куќа Burberry: Зградата е на остров во Јужна Кореја

Островот Џеџу во Јужна Кореја е вистинска атракција, каде мирот и тишината се на прво место.

Таа е една од светските дестинации која мора да си го најде своето место на вашата листа на желби, која доживеа голем подем во последните години. Со своите прекрасни природни убавини, овој локалитет се издвојува на картата на Јужна Кореја, но и на целиот свет.

Куќата Burberry одлучи да направи нова инсталација која е речиси исклучиво создадена од огледала, давајќи чувство за тоа каков ќе биде дизајнот на иднината благодарение на неговиот футуристички изглед.

„Имагинарни пејсажи“ ги воодушевија верните љубители на модата и дизајнот!

Британскиот моден бренд беше инспириран и создаде огромна зграда која личи на храм и е наречена „Имагинарни пејсажи“. Се наоѓа токму во „срцето“ на овој островски рај во Јужна Кореја. Со својата рефлектирачка фасада, футуристичката структура на ова вистинско архитектонско ремек дело се чини дека се спојува со природната средина, рефлектирајќи ја и светлината и небото и зеленилото што доминира околу него.

„Имагинарни пејзажи“ e изграденa во подножјето на планината Хала, па гостите можат да уживаат во погледот на целиот јужен брег, кој главно се состои од густа вегетација.

Обложувајќи се на моќта на природата, љубовта и почитта кон неа и добрата што може да ги понуди, преку оваа инсталација - но и со многу други иницијативи кои се фокусираат на заштитата на животната средина - модната куќа наоѓа начин да го обедини реалниот свет со паралелна имагинарна реалност. Ова место, на крајот на краиштата, е најпогодно да се разбере значењето да се биде покрај природата и да се стане „дел“ од неа.


Внатре во оваа зграда, секој може да се препушти на виртуелната реалност преку огромни екрани кои прикажуваат слики уредени од дигитални уметници како Maotik, Cao Yuki и Lia Jiaiu. Овој илустриран материјал го докажува неверојатниот ефект на комбинирање на технологијата со она што го нуди природната средина.

Треба да се напомене дека во оваа зграда се наоѓа и Thomas's Café, кое до неодамна постоеше исклучиво во Лондон. Во него гостите можат да уживаат во кафе или храна, во средина каде протагонисти се земјените бои, животинските принтови и соодветните тапети. Бонусот се слатките кои го носат потписот на слаткарот Џастин Ли.

Секако, просторот функционира и како продавница за сите верни љубители на модата на брендот! Предметите Burberry го зазедоа своето место во зградата, во обид на модната куќа да лансира исклучиво еко-пријателски парчиња - вклучувајќи и иконски тренч-мантил.

 Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 12 декември.

View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry)