Погледнете како Манаки го снимаше Маршал Тито во Македонија: Две легенди на едно место
осип Броз Тито, доживотниот претседател на поранешната СФРЈ, во совојата кариера 17 пати ја посети македонија. И секој пат беше пречекуван како ниту еден државник до сега. Така беше и во 1957 година, кога дојде заедно со сопругата Јованка за да го пушти во употреба првиот агрегат на хироцентралата Маврово. Потоа се упати за Скопје каде беше пречекан од неверојано многу луѓе кои го скандираа неговото име и му се воодушевуваа на говорот.
„Среќен сум што денес сум на тлото на Македонија која во предвоена Југославија беше запоставена и на која никакво внимание не ѝ беше посветено за добробит на народот, да видам Македонија како со својот ентузијазам ја гради својата убава и среќна иднина- рече Тито на митингот.
Првиот Југословенски, балкански и македонски снимател Милотн Манаки се то ова неуморно го снимаше со својата камера, а тој беше и официјален камерман на посетата од Маршалот.
Потоа Тито се упатил кон Кавадарци и Богданци да ги види винските полиња, фабриките во Штип, Велес, Битола и Прилеп. За време на посетата, делегацијата беше и во Охрид каде ги посетија сите културно- историски споменици. За време на паузата, Тито и Јованка со младите кои вежбаа стрелаштво им покажаа како се пука со пушка...