Погледнете се во огледало, па потоа направете селфи: Зошто сме убави на одраз, а не така убави на фотографиите?

Мистеријата е решена!

Огледалце, огледалце, што висиш на ѕид, кажи ми сега што гледаш? Во огледалото гледаме едно, а на фотографиите нешто сосема друго. Еве ја „фората“ во тоа.

Се спремаш за излегување, спремаш поза за сликање пред огледало, се е на свое место, презадоволни сте од тоа како изгледате, па правите пар фотографии и ви се доаѓа тоа што го гледате.

Кој лаже овде? Огледало, дали нè издаваат очите или има лоша камера на мојот телефон?

Седиш да не се онесвестиш, ама огледалото и твоите очи не лажат, камерата ја покажува вистината. Финтата е во тоа што додека го гледаме одразот во огледалото, тогаш сме опуштени. Всушност, не се фокусираме на се, туку само на одредени делови од лицето.

Во огледалото најмногу гледаме од аголот кој ни одговара, додека фотографиите се направени на различни начини. Да живее селфито, за да можеме да се приспособиме на резултатите. Кога некој друг не‘ фотографира, не е секогаш аголот што му одговара на нашето лице од корицата.

Секоја соба има различно осветлување, а секое осветлување има своја температура, која не ја забележуваме во огледалото. Камерата снима сè живо.

Најважното на крајот - во огледалото гледаме одраз на себе, додека камерата го снима она што другите го гледаат.

Во секој случај, камерата нема никаков вкус.


Фото: фреепик