Погледнете, што ли има внатре? Видеа од сладолед што не се топи станаа вирални
Познатиот кинески бренд за сладолед Chicecream, кој се рекламира како кинеска алтернатива на брендот Магнум, наиде на критики откако некои луѓе забележаа дека нивните производи не се топат на високи температури. Ова не се случува ниту кога е изложен на отворен пламен, што ги поттикнува корисниците да се запрашаат кои состојки се внатре.
Многу корисници на Твитер масовно споделуваат видеа каде го тестираат сладоледот обидувајќи се да го „растопат“ со запалка или други помагала, што на крајот се покажало неуспешно. Една од објавите покажува и како сладоледот со вкус на кокос останал цврст по 20 минути стоење на 31 степен, што е сосема спротивно од обичните сладоледи кои за неколку минути би се претвориле во течна материја.
Сцените предизвикаа голема дебата на оваа платформа, доведувајќи ја во прашање безбедноста на луѓето кои ги консумираат овие производи, кои воопшто не се евтини, а некои од нив чинат и до 10 долари.
- Се прашувам што има внатре. Дали воопшто ќе се стопи во стомакот – напишал еден корисник.
Fireproof luxury ice cream leaves would-be customers frozen with fear.
— The Telegraph (@Telegraph) July 7, 2022
But Chinese food brand tells worried consumers that it is ‘not scientific’ to judge an ice cream by whether or not it meltshttps://t.co/vBOc6a45u2 pic.twitter.com/9fpPaeaYY8
Самата компанија се огласи обидувајќи се да се одбрани тврдејќи дека сите нивни производи се во согласност со стандардите за квалитет.
Тие додадоа дека во сладоледите е додаден 0,032 грама карагенан, додаток добиен од алги, што му овозможува на сладоледот да ја задржи првобитната форма во такви ситуации. Тие, исто така, забележаа дека таа состојка е широко користна во сладоледи и пијалоци.
„Сметаме дека оценувањето на квалитетот на сладоледот врз основа на „печење“ или загревање на сладоледот е неосновано. Сите сладоледи се произведуваат според националните стандарди. „Карагенан им помага на млечните протеини да ја задржат агрегатната состојба“, нагласуваат од компанијата.
Инаку, Кина има долга историја на скандали со безбедноста на храната, а во 2019 година, според Daily Mail, оваа компанија е казнета со 1.120 фунти поради лажно рекламирање на нејзините состојки.
извор:krstarica