Погледнете внимателно-што не е во ред на фотографијата? Бизарна „грешка“ ја откри најголемата тајна за бракот на Чарлс и Дијана

На прв поглед, ништо необично на поштенската марка - млад, заљубен кралски пар кој му позира на фотографот насмеан. Меѓутоа, ако малку повеќе размислите за она што го гледате, ќе забележите една бизарна и крајно тенденциозна практика која британската круна постојано ја практикувала кога станува збор за принцезата Дијана.

Младата принцеза се насмевнува додека, како кревка девојка се потпира на својот сопруг - принц кој заштитнички се држи за неговите гради. Фотографијата изгледа крајно романтично... освен што е целосно лажна!


Чарлс и Дијана биле со иста висина! Точно 178 сантиметри! Сепак, никој не можел да го откри тоа доколку ги гледа само овие нивни портрети.

Затоа што - на сите официјални фотографии Дијана е прикажана речиси „глава“ пониска од нејзиниот сопруг!


Се чини дека фотографите од Бакингемската палата мислеле дека наследникот на британската круна ќе добие машкост и сила доколку биде прикажан повисок од неговата „поубава половина“. Не е познато дали посегнале по фотошоп или принцот носел штикли.

Она што е познато е дека принцезата Дијана за време на јавните настапи, доколку била во присуство на принцот, секогаш носела рамни чевли или балетанки за Чарлс да изгледа барем малку повисок.


Фото: Твитер