Полицискиот час ќе да почнува од сабота од 19 часот и ќе трае до вторник до 5 часот наутро. Ова ќе биде препораката на Комисијата за заразни болести до Владата. Комисијата заседава денеска и Фактор неофицијално дознава дека предлогот е поради престојниот продолжен викенд и празникот Бајрам. Понеделник е неработен ден за сите граѓани
Кафулињата ќе се отворат во вторник, следната недела, односно на 26 мај. Нема детали до колку ќе биде полицискиот час од тој ден.
Овој предлог треба да го усвои и Владата.
Извор: ФАКТОР