Полиграфот покажа: Бранислав Лечиќ ја кажува вистината за случајот со Даниела Штајнфелд?
- 28 Март, 2021
По неколкучасовно испрашување од полицијата, Лечиќ бил тестиран на полиграф со негова согласност.
Актерот Бранислав Лечиќ „положи“ полиграфско испитување во полицијата. Според полиграфот, тој ја кажувал вистината според која тој не ја силувал својата колешка Даниела Штајнфелд, јавуваат српските медиуми.
По неколкучасовно испрашување од полицијата, Лечиќ беше тестиран на полиграф со негова согласност и „помина“ на сите прашања во врска со обвинувањата за силување.
- Детекторот за лаги покажа дека Лечиќ ја зборува вистината. Не падна на ниту едно прашање. Заклучокот на испитувачот на полиграф е дека Лешиќ не е силувач. Ова, се разбира, не е доказ, но е многу важен и сигурен показател - изјавил извор од Министерството за внатрешни работи за 24седам.рс.
извор:24sedam.rs