Политичар бакнуваше девојка на градите среде онлајн седница на парламентот: Си поднесе оставка
АРГЕНТИНСКИ политичар поднесе оставка откако ги бакна градите на својата девојка среде собраниска седница и ги шокираше колегите и јавноста.
За време на сесијата на која повеќето политичари учествуваа виртуелно, преку Зум, Хуан Емилио Амери се појави на екранот со една млада жена во скутот, која потоа ја бакна на градите.
Набргу по инцидентот, кој стана вирален и предизвика негодување во Аргентина, владејачката коалиција гласаше за суспензија. 47-годишниот тогаш си дал оставка. Амери беше претставник на северната аргентинска провинција Салта во владејачката политичка коалиција.
Во коментар за локалното радио, Амери рече дека се чувствува лошо за тоа што се случило и се обиде да се оправда велејќи дека - неговата интернет-врска е лоша.
"Мојата партнерка и јас навистина жалиме за ова. Многу се срамам од она што се случи и многу ми е жал. Интернет-врската во областа во која се наоѓам е многу лоша. Мојата партнерка излегуваше од бањата кога мислев дека нема интернет-врска. Пред десет дена, таа имаше зголемување на градите, па ја прашав како се чувствува со силиконски импланти. Прашав дали можам да ја бакнам и ја бакнав на градите. И тоа е тоа “, е објаснувањето што го понуди Амери.
Патем, поради овој скандал се дозна дека Амери повеќе не е со неговата сопруга Алехандро Ескудер, со која има три деца. Девојката од видеото е, според тамошните медиуми, Селесте Бургос. Таа е наведена како „девојка и советник“ на Амери.
Инаку, на крајот на минатата година, еден аргентински портал објави обвинувања дека Амери сексуално злоставувал 17-годишна жена. Тој го негираше тоа.