„Помош, ми ја украдоа ногата“: Општа конфузија во итната медицинска помош по шокантен повик
Необична ситуација го снашла диспечерот.
Вработени во ургентниот центар биле во шок кога добиле повик од маж кој тврди дека му ја украле ногата, барајќи да му биде вратена.
Како што подоцна беше утврдено, станува збор за маж кој не многу порано поминал низ процес на ампутација.
Инцидентот се случил во Одделот за општа хирургија на окружната итна болница во Ботошан, Романија. 60-годишен маж е хоспитализиран и му е ампутирана ногата поради здравствени проблеми.
По интервенцијата, во собата за мониторинг и опоравување, мажот на медицинскиот персонал му рекол дека се уште чувствува болка во ногата, иако екстремитетот веќе не му бил прикачен за телото. Во еден момент сфатил дека повеќе нема нога и останал шокиран.
Бидејќи немал телефон со себе, пациентот во паника го земал телефонот од друго лице во собата и се јавил на 112. Отпрвин диспечерите на итната помош мислеле дека се работи за шега. Тие сепак забележале дека местото на јавување е токму во Жупаниската итна болница.
- Пациентот побара да му се врати екстремитетот. Ампутиран екстремитет. Тврдеше дека му е одземен - објави диспечерот.
За среќа, еден од вработените во болницата бил доволно присебен и навреме забележал дека пациентот се јавил на 112.
Тој го зел телефонот и им објаснил на диспечерите дека не се работи за шега или за ментално болен човек. Специјалистите велат дека ваквите ситуации не се толку ретки и се познати како фантомска болка, или синдром на фантомски екстремитети. Тие се однесуваат на сензации што едно лице погрешно ги перцепира на ниво на регион на телото што не постои во реалноста. Ова се случува по ампутација или во случај на вроден дефект на екстремитетите.