Поради кризата со коронавирусот, предложи продавање на Мона Лиза за луда цена
- 20 Мај, 2020
Франција би можела да ги надомести своите финансиски загуби среде пандемија на коронавирус со продажба на слика на Мона Лиза, пишува Индипендент.
Ова е предлогот на основачот на компанијата „Фаберновел“, Стефан Дистанган, кој ја проценува вредноста на сликата на 50 милијарди евра.
Во интервјуто за магазинот „Usbek & Rica“, тој објасни дека загубите ќе бидат многу значајни и дека верува оти државата треба да продава вреден имот по најголема можна цена.
- Продајте го семејниот имот. Таа слика е лесна за поместување, лесно може да се пренесе. Имаме многу слики. Цената мора да биде луда за да функционира вакво нешто, и проценувам дека Мона Лиза би можела да се продава за 50 милијарди евра. Ми беше кажано дека мојата проценка е преценета - рече Дистанган.