Поради оваа храна Јапонците живеат 100 години: Други мислат дека е штетна и бегаат од неа како ѓавол од крст

Долго време се веруваше дека Јапонците живеат долго бидејќи јадат многу морска риба и ориз

Стогодишници од Јапонија открија каква храна редовно јадат поради која живеат подолго. Ако мислевте дека е риба, сте се излажале. Тоа е храна која многумина ја сметаат за штетна. Долго време се веруваше дека Јапонците живеат долго бидејќи јадат многу морска риба и ориз. Заклучокот беше дека предноста е што јадат малку месо, што е штетно и го забрзува стареењето.

Меѓутоа, се покажа дека е спротивно. Самите Јапонци открија дека тајната на нивната долговечност лежи токму во месото! Излегува дека многу стогодишници ја сакаат оваа храна и ја јадат редовно!

Месото го подига расположението

Според јапонскиот психијатар Хидеки Вада, месото го продолжува животот бидејќи придонесува за зголемување на производството на серотонин, односно хормонот на среќата. Благодарение на оваа веселост и добро расположение, постарите имаат желба да живеат активно, па затоа многу шетаат, се дружат со пријателите и роднините, а сите овие фактори помагаат да се избегнат болестите и да се продолжи животот.

Лекарот го негираше и тврдењето дека исхраната базирана на билки, зеленчук и овошје влијае на животниот век. Излезе дека тоа воопшто не е точно. Всушност, секој петти жител на Јапонија страда од недостаток на протеини во телото. Заклучокот е дека месото треба да биде составен дел од исхраната на секој човек, вели докторот.

Придобивките од месото

Научниците претходно утврдија дека во отсуство на месо во секојдневната исхрана, нивото на холестерол нагло опаѓа. Ова, пак, доведува до дефицит на тестостерон, кој е неопходен не само за синтеза на полови хормони, туку е одговорен и за мотивација и концентрација.

Ако го вклучите месото во вашата исхрана, лесно можете да го зголемите нивото на витамин Б, кој ја поддржува работата на сите органи и системи во телото, ја намалува подложноста на стрес и го нормализира метаболизмот.

Фото:Фрипик