Поранешната тенисерка број 1- Непрепознатлива! Една е од најубавите и сега, што ѝ се случи?

Поранешната светска тенисерка број еден Марија Шарапова ги изненади своите следбеници со една од најновите објави на Инстаграм.

Таа објави неколку фотографии од Париз, каде ја посети тамошната модна недела. Таа позираше во тексас панталони и кошула со која искомбинираше црна чанта и чевли, а нејзиниот изглед привлече внимание. Многумина во коментарите и пишаа дека многу се променила.

„Не те препознав, си го уништи изгледот“, „Боже, дали е ова навистина Марија? Невозможно е. Што и е со носот?“, „Мислам дека го оперирала носот“, „Ми недостига старата Марија“, „Не, ова не си ти“, „Убава си, но многу се промени“, се дел од коментарите под објавените фотографии.

View this post on Instagram

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)


За потсетување, Марија Шарапова не игра тенис четири години. 36-годишната Русинка сега главно се занимава со деловни инвестиции во светот на модата и соработува со бројни брендови. Таа е многу популарна и на Инстаграм, каде ја следат 4,6 милиони луѓе.

Шарапова до 2012 година беше во врска со познатиот словенечки кошаркар Саша Вујачиќ. Потоа беше со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а денес е во врска со британскиот бизнисмен Александар Гилкес, со кој во јули 2022 година доби син.