Поранешниот американски претседател објаснува што би се случило доколку дознаеме дека постојат вонземјани
Наскоро пред американскиот Конгрес треба да пристигне извештај за непознати летечки објекти, куп документи собрани од американската војска до денес. Тоа треба да го поднесе Аврил Хајнс, директорка на Агенцијата за национална безбедност и поранешен заменик директор на ЦИА, што објаснува зошто јавноста веќе некое време е прилично возбудена кога станува збор за феномен за кој сите би сакале да дознаеме многу повеќе.
Поранешниот претседател на САД, Барак Обама при неодамнешното гостување во шоуто на Џејмс Корден вели:
- Навистина има записи за предмети на небото за кои едноставно не знаеме што се, кое е нивното потекло. Не знаеме како да објасниме како се движат, не ги разбираме нивните патишта, шаблони... Луѓето ги сфаќаат сериозно и се обидуваат да го разберат феноменот. Но, за жал, во овој момент немам што повеќе да ви кажам - рече тој во таа прилика, но додаде неколку размислувања во интервју за Њујорк Тајмс.
Обама изрази загриженост за реакцијата на човештвото кога веста за постоењето на вонземјани стана официјална, но изрази и надеж дека таквите информации сепак можат да создадат поголемо единство меѓу народите.
Но, сигурен е дека тоа би имало и свои лоши страни.- Што би се случило кога би го потврдиле постоењето на вонземјани? Несомнено, би имало отворени дискусии дали треба уште повеќе да инвестираме во оружје за да можеме да се браниме - рече 44-от американски претседател и додаде:
- Сигурно би се појавиле нови религии. И којзнае во какви други дискусии би се вклучиле!
извор:srbijadanas.com