Поранешниот Мистер Универзум се фрли од прозорец од втор кат

Поранешниот освојувач на титулата Мистер Универзум, тешко се повреди откако излетал низ прозорецот и паднал од вториот кат ...

Триесет и едногодишниот Калум фон Могер наводно скокнал од прозорецот на зградата која сè уште е недовршена, според менаџерскиот тим на „Генерација железо“. Калум е австралиски бодибилдер и актер, најпознат по улогата на Арнолд Шварценегер во филмот „Големиот“ од 2018 година.

View this post on Instagram

A post shared by Calum von moger (@calumvonmoger)


Тој е исто така поранешен освојувач на титулата на Светската фитнес федерација Мистер Универзум, освојувајќи ја наградата две години по ред, во 2014 и 2015 година во Јужна Кореја и Франција. Списанието Generation Iron објави дека е во контакт со семејството и пријателите на австралискиот бодибилдер и дека неодамна се достапни нови детали поврзани со инцидентот.

Она што го потврдија изворите е дека Калум фон Могер бил опериран поради повредата со која се здоби по падот, а во моментот кога стигнале новите информации ова момче било на интензивна нега. Оттогаш нема нови вести за состојбата на Калум, додека актерот неодамна сподели емотивна порака преку Инстаграм, која ја следат над 3,2 милиони луѓе.

View this post on Instagram

A post shared by Calum von moger (@calumvonmoger)


Како што напиша: 

„Секој има минато. Сите сме минале низ тешки моменти во еден дел од нашите животи. Признавам, жестоко се зафркнав неколку пати, но не се грижев да се задржувам на негативните мисли од минатото. Се што ми е важно е да учам од моите грешки и да станам подобра личност. Се трудам да останам силен, но имам и мои црни денови. Медиумите секогаш ќе се фокусираат на негативни вести за да ни го привлечат вниманието и да започнат со озборувања. Сепак, позитивните достигнувања што ги имав во мојот живот, некако успеаја да се изгубат на патот. Во секој случај, сè што можам да направам е да побарам прошка и повторно да продолжам по вистинскиот пат“.

Извор: Muski magazin.rs