,

Поскапо од ова не може: Луѓето не можат да веруваат во тоа што го ставил човекот на ограда наместо плочки!

Видео од TikTok на кое се гледа ограда која изгледа како да е направена од стотици iPhone телефони, кружи на социјалните мрежи во Азија, каде предизвика жестока дебата за тоа дали е автентична.

Видеото беше споделено на TikTok од корисник од Виетнам и ги шокираше многумина на таа социјална мрежа.

Сопственикот на куќата од видеото, наводно, одлучил дека паметните телефони на iPhone 6 се подобри од обичните камени или керамички украсни плочки, па затоа користел неколку стотици од нив за да ја разубави бетонската ограда, пренесува Oddity Central.

Некои коментатори тврдат дека ова се само телефонски маски, но во некои делови од видеото можете да видите барем неколку вистински iPhone.

Сè уште не се знае точно каде е направено снимањето.