После ова, слободно „треснете“ од земја- ете тоа си сме ние!!!
Вистина или...
Кога сте болни, ќе дадете се за да оздравите и ќе си ветувате дека ќе направите многу ако добиете уште една шанса...
Кога ќе оздравите, почнувате од почеток и обично не си го држите зборот.
Кога имате многу пари, секогаш се жалите дека сте уморни и не се соочувате со одговорност...
Кога сте сиромашни, се жалите дека сте лошо платени и би направиле се за да бидете богати...
Кога сте во брак, секогаш велите дека сте уморни од семејните обврски и вашиот животен партнер и дека ја сакате слободата...
Кога сте сами, навистина сакате да најдете некој добар со кој ќе го споделите вашиот живот...
Кога имате автомобил, секогаш сте вознемирени што одржувањето е скапо и сакате понов...
Кога немате автомобил, заморно ви е да бидете пешак и му завидувате на оној што има...
Кога имате деца секогаш сте исцрпени и понекогаш чувствувате дека сето тоа е премногу за вас...
Кога немате деца, навистина посакувате да имате...
Кога сте дете, се преправате дека сте возрасен и давате се од себе за да пораснете побрзо...
Кога ќе пораснете, мислите дека е подобро да сте дете...
Кога се живи вашите родители, ви се смачува постојано да ве гњават...
Кога ќе ги нема вашите родители, би дале сè за да го слушнете нивниот глас, макар и на секунда...
Кога живеете во стан, би дале се за да имате куќа во природа...
Ако имате куќа, не сте задоволни бидејќи е потребно премногу време за да ја одржувате...
Ете тоа е човекот!!!
Постојано незадоволно суштество кое секогаш се фокусира на она што го нема...
Го троши своето време барајќи среќа некаде во безграничен универзум, но всушност „среќата“ е денес, токму овде, токму таму околу нас.