Последната личност со која се фотографирал Џон Ленон е- НЕГОВИОТ УБИЕЦ: Тој ѝ се извини по 40 години на Јоко Оно
Ненадејната смрт на славниот пејач и гитарист, поранешен член на Битлси, Џон Ленон, шокираше безброј милиони луѓе ширум светот. Убиството се случи само еден месец откако тој се врати на музичката сцена со албумот Double Fantasy. Ленон беше застрелан на 8 декември 1980 година, пред неговата резиденција во Њујорк од страна на 25-годишниот чувар Марк Дејвид Чепмен. Светската јавност беше уште позачудена од мотивот на Чепмен - тој тврди дека го убил Ленон само затоа што сакал да стане славен, а убиецот на такво славно лице автоматски станува славен и самиот.
Чепмен веќе беше забележан како ментално лабилен пред убиството, а подоцна му беше дијагностицирана параноидна шизофренија. Некои тврдат дека Чепмен бил лут од изјавата на Ленон дека Битлси биле „попопуларни од Исус“ и дека тоа е неговиот вистински мотив за убиството.
Наскоро последната фотографија на живиот Ленон се појави во јавноста. Тоа ја отсликува сцената каде што нема ништо навидум невообичаено: Ленон му дава автограм на еден обожавател, на насловната страница на неговиот последен албум. Фотографијата е направена само шест часа пред убиството, а обожавател на сликата е Марк Дејвид Чепмен.
Автор на фотографијата е пријателот на Ленон, Пол Гореш, кој сосема случајно го фотографираше Чепмен. По снимањето, Ленон влегол во автомобилот и си заминал, а Чепмен ставил албум со потпис зад блиската берберница и им го посочил на сите присутни. На прашањето зошто го прави ова, тој одговори: „Само ти покажувам каде е. Ќе сакаш да знаеш каде е подоцна. “Никој не претпостави што значат тие зборови. Ленон беше убиен истата вечер на скоро истото место каде што последен пат беше снимен.
Убиецот на Џон Ленон му е одбиено барањето за пуштање на слобода на 19-ти август оваа година, а Press Association дојде до транскриптите од сослушувањето на кое убиецот ѝ се извинува на Јоко Оно и признава дека го убил популарниот музичар од себични причини.
Транскриптот од сослушувањето на убиецот на непрежалениот Битлс открива дека неговото барање е одбиено затоа што тоа е „неспоиво со добробитот на општеството“ и дека Чепмен со својот себичен чин на „милиони луѓе им одзел голем број на идни инспиративни зборови кои би ги кажал славниот музичар“.
„Само сакам да повторам дека ми е жал поради злосторството кое го направив. Немам оправдувања. Тоа беше за слава. Мислам дека е најголемо злосторство да му се направи такво нешто на некој кој е невин“, изјави Чепмен.
Тој повторил дека тоа било многу себичен чин, а потоа ѝ се извинил на Јоко Оно.
„Жал ми е поради болката која ѝ ја нанесов. Цело време размислувам за тоа“, рекол убиецот на Ленон.