Последното интервју на Борис Трајковски: Дали се исполнија неговите идеали?

„Ние мора да создадеме општество засновано од индивидуалци, не од колективни групи и граѓани, не од етнички групи. Мојата визија е да создадеме општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно да создадеме општество засновано на доверба. Ние го правиме тоа, но не е доволно само да се зборува за демократија, а истовремено да се дозволува цветање на криминалот и корупцијата“, говореше еднаш прерано починатиот македонски претседател Борис Трајковски.

Пред 18 години, на 26 февруари 2004 година, претседателот Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при урнување на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар во Босна и Херцеговина. Настан кој ја потресе нашата нација и светот.

Но ние не дозволивме да биде заборавен и секогаш му оддаваме почит на сето она што го направи за Македонија.

Претседателот Трајковски беше близок до народот на Македонија патувајќи низ целата земја, слушајќи и разговарајќи со граѓаните, избраните функционери, бизнисмени, едукатори и верски лидери. Претседателот Трајковски одржуваше одлични односи со сите членови на владата, како и со амбасадори и претставници на странски земји и организации со седиште во Македонија.

„Нема сомнеж дека тој покажа силно лидерство во многу тешко време за земјата и за граѓаните. Борис Трајковски, како голем водач, во еден тежок период на транзицијата, во тешки околности, покажа дека демократијата и соработката се најважни предуслови за решавање на конфликти низ целиот свет. Неговите вредности ќе останат инспирација за сите лидери“, нагласуваат државниците од регионот и странските дипломати.

На 24 февруари 2004 година, два дена пред неговата трагична смрт, претседателот Борис Трајковски го даде своето последно интервју. Тој зборуваше за своите надежи за иднината на Македонија, на која во Даблин му беше доставена апликацијата за добивање кандидатски статус во ЕУ. 

Погледнете дел од ова интервју:

Видео извор: 

NOVATV MK