Постојат докази дека ова што го газиме во Македонија е еден од најдобрите лекови: Внимавајте што газите!
Тушт (lat. Portulaca oleracea) Тушт или уште познато како Тучница, т'чница- толчник е билка (коров) расте и сака суви места, покрај напуштени и необработени ниви, патишта, под доматите, не сака вода иако сама по себе е "водеста" билка, што значи има многу вода во неа.
Таа е ползечка билка, стеблото е светло- кафено до темно- црвено, цветовите и се жолти, а самото растение е многу кревко и лесно кршливо.
Отпороста на ова растение се рефлектира во фактот дека неговите семиња можат да преживеат во почвата дури 40 години. Туштот потекнува од Персија и Индија, но расте и во Македонија. Постојат докази кои сугерираат дека може да се користи за лекување на различни здравствени проблеми.
Истражувачите откриле дека содржи повеќе антиоксиданси отколку спанаќот и дека концентрацијата на омега 3 масни киселини е поголема од количината што може да се најде во некои рибини масла. Фактот дека е погоден за вегетаријанци и вегани, оди во корист на ова растение.
1. Има дури шест пати повеќе витамин Е од спанаќот
2. Седум пати повеќе бета-каротен од морковот
3. 25 мг витамин Ц (20% од препорачаниот дневен внес) магнезиум, калциум, железо, витамин Б2, калиум, фосфор и манган
Во народната медицина ова растение има широка употреба, но луѓето чето и не знаат за неговите својства.
Се користи за јакнењето на срцето, за чистење на крвта, за анемичните е број 1 растение бидејќи ја јакне крвта, делува на подигање на имунитетот поради присуството на витаминот Ц, помага доста за кожата за регенерација како и за видот поради витаминот А. Делува како анти-стресна билка, против депресија, несоници и слично. Погодна е за шеќераши бидејќи го намалува шеќерот, а со нејзиното диуретично својство го намалува притисокот. Помага кај внатрешни воспаленија бидејќи е ангивоспалителна билка, исто така и е добра за желудникот.
Таа е една од билките од која не се вари чај бидејќи со варењето односно попарувањето сите состојки ќе се изгуби. Се јаде свежа како додаток во салати или манџи...
Ако се најдете во природа и немате вода, а сте жедни, најдете ја оваа билка и изедете ја. Вашата жед ќе згасне моментално.
Вкусот и е благо-киселкаст.
Рецепт:
100 грама свеж толчник се сецка и закиснува во 1л. ракија. Стои 21 ден, потоа се цеди и се пие по 30 капки, 3 пати на ден; 30 мин. пред јадење, 2 недели со 1 пауза.