Постојат докази: Се огласи адвокатот на Вин Дизел по наводните обвинувања за сексуален напад

Познатиот актер Вин Дизел е обвинет за сексуална злоупотреба.

Во тужбата поднесена во Лос Анџелес, Аста Џонасон истакна дека Вин Дизел ја нападнал есента во 2010 година за време на снимањето на филмот Fast and Furious.

Актерот негираше дека имало било каква злоупотреба, а за сето ова проговори и неговиот адвокат.

Тој рече дека Вин жестоко ги негира тврдењата.

„Ова е прв пат тој да слушне за тоа обвинување, старо повеќе од 13 години“, изјави тој за Variety.

Неговиот адвокат исто така изјави дека „постојат јасни докази кои целосно ги побиваат чудните тврдења на тужителот“.

Јонасон вели дека продуцентската куќа One Race Films ја вработила оваа девојка како асистент додека тој снимал во Џорџија. Според документите до кои дојде изданието, таа тврди дека била во станот на Дизел во Атланта додека тој „се забавувал со повеќе жени“.

Кога жените си заминале, според тужбата, Дизел ја повлекол Џонсон на креветот. Во тужбата се наведува дека таа побарала од него да си замине, но тој наводно почнал да ги допира нејзините гради и остатокот од нејзиното тело.

Фото:instagram